Top Sport

Довициозо победи на хаотичното финале во Валенсија

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо стигна до победа на дождливото финале на сезоната во Валенсија, во кое многу возачи беа „жртви“ на излетувања и судири.

Довициозо го помина лидерот Алекс Ринс двапати – еднаш пред 40-минутната пауза поради силниот дожд и еднаш по паузата за да стигне до својата четврта победа оваа сезона. Зад него, Валентино Роси со доцен пад од третото место го обезбеди првиот подиум за КТМ преку Пол Еспархаро на третото место.

Трката започна според планот и покрај силниот дожд, но освојувачот на пол-позицијата Маверик Вињалес не успеа да го задржи водството паѓајќи зад Ринс и Довициозо. Мотоциклите на Јамаха немаа доволно сили за борба за првото место и Довициозо беше втор зад Ринс, кој се одвои на четири секунди.

Тогаш условите почнаа да се влошуваат и возачите почнаа со падови – Данило Петручи, Џек Милер, Микеле Пиро и светскиот шампион Марк Маркез заедно со Андреа Јаноне. Кога паднаа Вињалес и Франко Морбидели, дојдоа црвените знамиња и се задржа распоредот од 13-тиот круг.

По рестартот Ринс остана на првото место, но во следниот круг беше поминат од Довициозо, а двајцата се одвоија од Роси. На крајот по падот на Роси, распоредот беше овој: Довициозо, Ринс, Еспархаро, Микеле Пиро, додека Дани Педроза својата последна Мото ГП трка ја заврши на петтото место.

Scroll to Top