Top Sport

Навивач на Јуве почина и порача: Наместо цвеќе праќајте ми голови од ЦР7

Влијанието на Кристијано Роналдо во Јувентус и во Италија ги надминува сите очекувања, откако Португалецот по спориот старт почна да го прави тоа за што беше донесен – да постигнува голови и да стане лидер на тимот.

Ова најдобро го знае еден навивач, кој за жал почина. 77-годишниот Марио Стефанини, со прекар „Ил доро“ бил навивач на Јуве цел живот и на известувањето за неговата смрт го натерал семејството да стави една порака: „Не цвеќиња, туку голови од ЦР7“.

Scroll to Top