Top Sport

(Видео) Де Хеа „подари“ победа за Вест хем, местото во ЛШ за Јунајтед сè понеизвесно

Манчестер јунајтед доживеа уште еден гостински пораз, втор во низа, овојпат со 1:0 кај Вест хем јунајтед, по кое пласманот во топ 4 и место во Лигата на шампиони, кое сметаа дека веќе го имаат гарантирано сега е неизвесно, посебно по одличната форма на Ливерпул.

Клучниот момент се случи во 28. минута, кога Давид де Хеа, во својот 450. настап за Манчестер јунајтед, со што постави рекорд за еден голман на „ѓаволите“, реагираше катастрофално на обидот на Саид Бенрама, и дозволи „чеканите“ да дојдат во водство. И покрај тоа што во првото полувреме има повеќе шанси пред голот на домаќините, Јунајтед не направија доволно за да дојдат до гол, а нивната форма беше драматично лоша во финишот на второто полувреме.

Со поразот, Јунајтед остануваат на четвртото место на табелата со 63 поени, два зад Њукасл и само еден поен зад „забревтаниот“ Ливерпул. Њукасл и Јунајтед имаат по 34 меча, односно уште четири до крајот на сезоната, додека Ливерпул има 35 меча, односно три до крајот.

Scroll to Top