Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон, призна измама вредна 400 милиони фунти.
Еклстон не ги пријавил парите што ги поседувал во фонд во Сингапур.
92. годишниот милијардер се согласил на спогодба и ќе плати сума од 653 милиони фунти, потврди надлежниот суд. Покрај тоа, тој ќе „одлежи“ условна казна од 17 месеци затвор.
Нему требаше да му се суди следниот месец, откако првично се изјасни за невин.
Да потсетиме, во 2017 година Еклстон се повлече од челната позиција на Формула 1.