Top Sport

Фаџоли признал дека се обложувал – Се соочува со три годишна суспензија

Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли им признал на истражителите дека се обложувал на фудбалски натпревари, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

22. годишниот фудбалер е под истрага повеќе од еден месец. На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Фудбалскиот сојуз на Италија, УЕФА и ФИФА и им е забрането да ставаат облози директно или индиректно.

Казната за ваков престап е парична казна од 25.000 евра и забрана за настап до три години.

Бидејќи Фаџоли ја призна вината, казната најверојатно ќе биде помала. Клучно е да докаже дека се обложил на натпревари на кои тој не играл. Неговите адвокати ќе можат како олеснителна околност да наведат дека Фаџоли е зависник од обложување, но во тој случај ќе мора да побара соодветна медицинска помош.

Фаџоли е во Јувентус од својата 14.година. Тој дебитираше за првиот тим во 2021 година, а досега одигра 339 минути во шест натпревари оваа сезона. Вкупно за Јувентус има одиграно 45 натпревари со три гола и шест асистенции.

Scroll to Top