Top Sport

Еклстоун: Фетел да реши дали е политичар или Ф1 возач

Поранешниот шеф на Ф1, Берни Еклстоун вели дека посветеноста на активизмот на Себастијан Фетел му пречат во кариерата, и дека германскиот четирикратен шампион мора да одлучи дали ќе продолжи да биде Формула 1 возач или ќе стане политичар.

Фетел, кој освои четири светски титули со Ред бул, последните години постојано лобира за климатските промени и за ЛГБТ правата, и по настапот на Канадското ГП од еден канадски министер доби одговор дека е лицемер што зборува за чистата околина, а има кариера во моторспортот.

91-годишниот Еклстоун, кој во минатото беше близок пријател со Фетел, го нарекуваше „подобар од Аиртон Сена“ и редовно се среќаваа на покер и табла, се согласува дека 34-годишниот Фетел треба да се концентрира на работата со неговиот тим Астон Мартин.

„Концентрацијата веќе не е тука. Кога почна да победува, не знаеше што се случува во светот. Сега, размислува за иднината на светот. Да, верувам дека е во право, но не треба да ја користи својата позиција како возач за да го реализира тоа. Сакам да го видам во болид со кој може да се натпреварува со Макс Ферстапен. Не знам зошто не се фокусира на Формула 1. Треба да одлучи дали ќе стане политичар или ќе остане Ф1 возач“, вели Еклстоун за „РТЛ“.

Фетел: Имам исти размислувања како Грета Тунберг

Scroll to Top