Поранешниот семоќен човек во Формула 1, Берни Еклстоун вели дека новите сопственици на спортот „Либерти медија“ го спречуваат дури да присуствува на некои трки.
Американската компанија откако ги откупи акциите од тимот во јануари, решија да го постават Еклстоун во позиција на „вечен претседател“, но со малку обврски и ингеренции. Сега 86-годишниот Еклстоун вели дека за него нема место ниту на трките.
„Шефот на Ф1, Кери Чејс прати порака на една од девојките во мојата канцеларија дека немаат толку канцеларии на патеката, и дека тоа зависи од промотерите. Сега тие се тројца – Кери, Шон Бречис и Рос Браун, така што користат три канцеларии. Тоа во основа беше порака да не доаѓам на трките. Ќе беше полесно да ми кажат така, но и вака ги послушав. Малку е чудно да не си вклучен во Формула 1, но се навикнав“, објаснува Еклстоун.
Тој вели дека сега си ја средува куќата во Швајцарија и дека ќе продолжи да ги гледа трките од дома.
„Имам престој во Швајцарија речиси 30 години. Планирав да изградам куќа таму и да ја преселам компанијата, но не успеав да ги убедам луѓето да си одат од Англија. Сега, тоа не е пречка и можам да одам да живеам таму. Исто така ќе одам во Бразил, бидејќи мојата сопруга има фарма за кафе таму. Швајцарија ќе биде мојот главен дом“, додава Англичанецот.