Top Sport

Голманот на Диселдорф се пофали: Одбранив со пенисот

Голманот на германскиот второлигаш Фортуна Диселдорф, Рафаел Волф ја покажа својата храброст на гостувањето кај Арминија Билефелд, кога направи необична одбрана.

Тој доби директен удар во препоните, по што мораше да тури вода за да го продолжи мечот. По победата, тој призна дека не било пријатно.

„Секогаш велиш дека си одбранил со своите тестиси, но овојпат одбранив со пенисот. Никогаш не сум почувствувал таков слободен удар. Прво болката беше пеколна, но по одморот ми помина“, изјави Волф.

Со победата, Диселдорф остана прв во втората Бундеслига, со три поени пред Холштајн Кил по 10 натпревари.

Scroll to Top