Top Sport

Еклстоун: Нема веќе договори од 50 милиони за Хамилтон

Деновите во кои Луис Хамилтон ќе заработува огромни суми годишно од Формула 1 се завршени, смета поранешниот шеф на Ф1 и британски сонародник на шампионот, Берни Еклстоун.

Хамилтон уште го нема продолжено договорот со Мерцедес, кој му истекува на крајот на 2020, и Еклстоун го предупреди да не си „игра покер“ со германската компанија.

„Луис никогаш повеќе нема да заработува 50 милиони евра годишно, тоа е сигурно. Сите возачи ќе мора да се навикнат на пониски плати. Златните денови се зад нас“, вели Еклстоун во интервју за швајцарскиот „Блик“.

89-годишниот Еклстоун, кој се врати во Швајцарија со неговата бремена сопруга, вели дека ситуацијата во Бразил е хаотична.

„Најлошото е тоа што никој не знае што прави. Болсонаро е без моќ и очигледно без план. Иако се вратив во Европа, нема да одам на трките. Зошто? Бидејќи трката во Австрија се паѓа на денот кога мојата сопруга треба да се породи“, додава Еклстоун.

Scroll to Top