Top Sport

Еклстоун со фантастична божиќна честитка: Барем некои болиди се „еднакви“

Иако 92-годишниот Берни Еклстоун поодамна е пратен во Ф1 пензија од новите сопственици на спортот, тој продолжува со својата долга традиција на хумористични божиќни честитки до сите возачи и вклучени во спортот.

Овојпат на „мета“ е акцијата за расна еднаквост предводена од Луис Хамилтон и иницијативата „Се тркаме како едно“ на Ф1, вакцинацијата против коронавирусот, но и тесната борба за титулата меѓу Хамилтон и Макс Ферстапен: „Барем некои од болидите се еднакви понекогаш“.

За Берни еднаквоста е во тоа што имаше тесна борба меѓу Ред бул и Мерцедес, но и еднаквоста во платите кои ги добиваат со маичките „еднакви $“. Секако, тука е ироничната порака за тркањето по сите казни на ФИА.

„Правила за 2022: Не ги поминувајте белите линии. Помогнете на својот ривал со помош на стјуардите и НЕ СЕ ТРКАЈТЕ. Честит Божиќ до сите, одморете малку, бидејќи следната година нема да биде за на одмор“, напиша легендарниот Британец.

Scroll to Top