Top Sport

Ексшампионот Шванц предупредува: Стилот ќе го повреди Маркез (видео)

Четирикратниот Мото ГП шампион, Марк Маркез мора да научи нов стил на возење со помалку ризик, бидејќи ризикува сериозна повреда, вели легендата на спортот, Кевин Шванц.

Маркез имаше дури 27 пада во 2017 година, со што беше втор на листата веднаш зад дебитантот на Априлија, Сем Лоувс. Возачот на Хонда беше блиску до пад и на последната трка од сезоната во Валенсија кога се бореше за победа, иако му беше потребно само 11. место да ја потврди титулата.

Шванц, шампионот од 500сс од 1993 година, вели дека е импресиониран од способноста на Маркез, но го предупреди дека мора да се „смири“.

„Мора да најде начин да вози цврсто, но во исто време да го намали ризикот, бидејќи еден ден може да се повреди. Може ќе биде мала повреда на клучната коска или нешто едноставно, но тоа те успорува. Тој оди на граница во секој круг. Ако одиш 100 отсто секој круг, правиш грешки, но дознаваш што може да направи машината. Тоа не го можеш на 95 или 96 отсто. Тој имаше среќа што не се повреди“, вели Шванц.

Маркез признава дека една од целите во 2018 година е да има помалку падови.

„Секогаш сум самокритичен и целта во новата сезона е да се задржи брзината, но да се намалат падовите и да не се повторуваат грешките. Одев до максимум во секоја сесија, од првиот тренинг до трката. Секако, тоа мморам да го сменам во иднина“, признава Маркез.

Scroll to Top