Top Sport

Халеп го обезбеди првото носителско место во Мелбурн

Светската тенисерка број 1, Симона Халеп се врати од сет негатива за 3:6/6:1/6:2 победа над Дуан Јинг-Јинг во второто коло на Шенжен опен за да го обезбеди првото носителско место на Австралија опен, како и дуел со Белорусинката Арина Сабаленка.

„Не размислувам за рејтингот, за Австралија опен. Играм нов турнир, прв од годината и мислам само на следното коло“, вели Халеп.

Во четврт-финалето се пласираше и нејзината сонародничка Ирина-Камелија Бегу, Унгарката Тимеа Бабош, и Чехинките Катерина Синијакова и Кристина Плишкова.

Во Оукленд, на АСБ класик турнирот, Каролине Вознијацки влезе во четврт-финалето со 6:2/6:2 победа над Хрватката Петра Мартиќ, за да обезбеди дуел со младата Американка Софија Кенин.

На Бризбејн интернешнл, Каролина Плишкова влезе во четврт-финалето со импресивна 6:1/6:1 победа над Кетрин Белис, додека Елина Свитолина со 6:3/6:1 ја победи Хрватката Ана Коњух.

Scroll to Top