Top Sport

Еспаргаро ја освои пол-позицијата во Херез

Алеиш Еспаргаро, возачот на Априлија, беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Шпанија. Тој го извозе најбрзиот круг на патеката во Херез со време од 1:37.216 минути.

Така, Еспаргаро стигна до пол-позицијата, како за спринтот, така и за главната трка во недела.

Постариот од браќата Еспаргаро стигна до пол-позицијата на патеката „Анхел Нието“ ја освои првата пол-позиција по пауза од 11 месеци. Претходно најдобри квалификации возеше на патеката во Каталуња.

Најблиску до Шпанецот беше Џек Милер, кој ги брани боите на КТМ, а австралискиот мотоциклист заостана 221 илјадитинки. На двајцата во првиот ред ќе им се придружи Хорхе Мартин на Прамак Дукати.

Најдобар од останатите беше тимскиот колега на Милер, Бред Биндер, пред бранителот на титулата Франческо Багнаја и тест-возачот на неговиот тим Дани Педроса. Следуваат Мигел Оливеира на Априлија, пред вториот возач на Прамак Дукати, Жоан Зарко, а првите десет ги комплетираа Лука Марини и Маверик Вињалес, пред Такаки Накагами и Алекс Маркез.

Спринтот се вози во 15 часот, а утре во истиот термин е главната трка.

Scroll to Top