Top Sport

Гвардиола: Ништо не е готово

Трката за титулата во Премиер лигата е далеку од завршена, смета менаџерот на двократниот шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Шпанецот ова го изјави пред неделното гостување кај Фулам.

По победата на „Граѓаните“ над Арсенал, многумина сметаат дека шампионската трка е решена, но Гвардиола тврди дека не е така.

„Луѓето велат дека е готово, но не е готово. Имаме два бода помалку од Арсенал и два натпревари помалку, но сепак треба да победиме во тие натпревари. Имаме уште седум натпревари во Премиер лигата пред нас, некои многу тешки на гости. За почеток со Фулам, квалитетен за тим кој игра одлично, а подоцна и на „Гудисон“, против агресивениот Евертон. Покрај тоа, меѓу нив ќе имаме и полуфинални натпревари од Лигата на шампионите“, изјави Гвардиола.

И покрај тоа што на претходните четири натпревари освои само три бода, Арсенал и натаму е на врвот на табелата со 33 одиграни натпревари и 75 бодови, додека Сити е и понатаму втор со два бода помалку и два натпревари помалку.

Scroll to Top