Top Sport

Ф1 контра шампионот: Да беа парите најважни, Хамилтон ќе се тркаше овој викенд

Чејс Кери, шефот на „Либерти медија“, газдите на Формула 1, го нападна Луис Хамилтон за неговото тврдење дека „парите се крал“, посочувајќи му на возачот на Мерцедес дека ќе се тркаше во Австралија овој викенд да беше таков случајот.

Трката во Мелбурн беше откажана по долги дискусии на одговорните луѓе, додека фановите чекаа одлука, а шампионот Хамилтон изјави дека шокиран што воопшто допатувале во земјата, велејќи дека во формула 1 парите се најважни. Кери не се согласува.

„Да беше кешот крал во Формула 1 немаше да донесеме ваква одлука. Постојано го зборуваме истото, работите се менуваа толку бргу што ние се обидовме да дојдеме тука и да имаме трка додека се случуваа големи работи. Имаше премногу информации кои требаше да се проценат“, вели Кери.

Одлуката за откажување на трката дојде 12 часа откако Мекларен се повлекоа од трката поради позитивни случаи на корона вирусот во нивниот тим. Подоцна, ФИА и Ф1 ги откажаа и трките во Бахреин и Виетнам и сезоната најверојатно ќе почне во мај.

Scroll to Top