Top Sport

Роналдо од изолација прати порака до целиот свет

Кристијано Роналдо реагираше со официјално соопштение откако беше потврдено дека останува во самоизолација во Мадеира, Португалија по позитивниот тест на Ковид-19 на неговиот соиграч од Јувентус, Даниеле Ругани.

Болеста на Ругани предизвика над 100 луѓе од Јувентус, фудбалери, тренери и придружен персонал се во карантин, а Роналдо е под вакви мерки во својата татковина, каде што се врати да ја посети својата мајка, која неодамна имаше мозочен удар.

„Денеска ви зборувам не како фудбалер, туку како син, татко, и обичен човек загрижен со последните настани кои имаат влијание на целиот свет. Би сакал да пратам искрено сочувство кон тие кои загубија свои блиски, солидарност до тие кои се борат со вирусот, како мојот соиграч Даниеле Ругани и поддршка за фантастичните здравствени работници кои ги ризикуваат своите животи да спасат други“, вели Роналдо.

Тој исто така сподели линк од веб-сајтот на Светската здравствена организација (ВХО) каде што ги има основните мерки за заштита од корона вирусот.

Scroll to Top