Top Sport

Наполи ќе му понудат „излез“ на Лука Јовиќ

Откако е „изолиран“ од Зинедин Зидан, 22-годишниот Лука Јовиќ, кој беше најавуван како нова ѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“ е подготвен да бара „излез“ од ситуацијата со трансфер во Наполи, кои се заинтересирани.

Србинот пристигна во Мадрид од Ајнтрахт Франкфурт за одлични 60 милиони евра, но сега е само 19. фудбалер во клубот според одиграните минути – само 770 или 21.75 отсто. Од него помалку настапи има само Ареола (674 минути), инаку резервниот голман на клубот и тие на кои Зидан не смета: Хамес (650), Брахим (170) и Маријано (65).

Според „АС“, Зидан воопшто не се сретнал со Јовиќ  од мечот со Осасуна, оставајќи го надвор од тимот за дуелите со Барселона и Бетис, но Наполи е подготвен да му даде шанса да ја „рестартира“ неговата кариера, пожелно со договор за позајмица.

Scroll to Top