Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 17.март со трката за Големата награда на Австралија, а ќе заврши во Абу Даби на 1.декември 2019 година.
ФИА во пресрет на јубилејната 70.сезона во Формула 1, најави промена на некои правила, со цел да шампионатот да добие на атрактивноста.
Најмногу промени ќе има на самите болиди, а целта е да се намали ефектот на аеро-динамичката турбуленција. Ваквите промени треба да донесат повеќе директни дуели на патеките и повеќе претекнувања за време на трките.
Предното крило на болидите, во однос на задното ќе биде пошироко и подлабоко. ФИА најави промени и во системот за кочење, а ќе бидат поставени и нови стандарди за кацигите што ги носат возачите.
Исто така тимовите, на болидите, ќе добијат повеќе простор за спонзорите.
F1 2019: Rule Changes explained!
The countdown to 2019 is ON! Let's take a closer look at the aerodynamic changes that will allow drivers to race much more closely next season…
Posted by F1 on Четврток, 27 декември 2018