Top Sport

Ф1 објави ново страшно видео од судирот Хамилтон-Ферстапен

Формула 1 објави ново 360-видео од судирот помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен на Монца во неделата, покажувајќи за колку малку е спречена посериозна повреда на седумкратниот светски шампиони.

Асот на Мерцедес се бореше со Ферстапен за позиција во 26. круг од трката кога свежо излезен од бокс се обидуваше да го помине Холанѓанецот на втората кривина, но Ферстапен не се предаде и дојде до судир, по кој болидот на Ред бул се „качи“ на Хамилтон.

Ферстапен доби казна од три позиции на Руското ГП за инцидентот откако преку радиото прати порака: „Ова го добиваш кога не оставаш простор“.

Scroll to Top