Top Sport

Ф1 во Азербејџан до 2023 година

Траката за Големата награда на Азербејџан ќе се вози до 2023 година, откако организаторите го обновиле договорот со Формула 1.

Најбрзот циркус во светот, во Баку пристигна во 2016 година. Во своето прво издание трката го носеше името Голема награда на Европа.

„Задоволни сме што уште неколку години во календарот ќе биде трката за Големата награда на Азербрејџан. Во кратко време трката стана една од најпопуларните во Европа“, рекол претседателот на Формула 1, Чејс Кери, откако го потпишал договорот со министерот за млади и спорт на Азербејџан, Азад Рахимов.

Според календарот, оваа година трката во Баку ќе се вози на 28 април.

Во текот на изминатите две години, покрај со Азербејџан, Формула 1 потпишаа нови договори со трките во белгија, Кина, Германија и Сингапур.

Scroll to Top