Top Sport

Ф1 возачите биле „уценети“ да возат во Саудиска Арабија: Треба и да си заминете од земјата!

Речиси сите Формула 1 возачи не сакале викендов да се вози Саудиското ГП по ракетниот напад на рафинеријата на главниот спонзор „Арамко“ на само 10 километри од патеката во Џеда, но биле „убедени“ од шефовите на Ф1 со закана дека ќе има „последици по таква одлука“, вклучувајќи излегување од земјата.

Возачите по тричасовниот состанок во петокот навечер, потврдија дека ќе се тркаат на неделната трка и покрај големото спротиставување на седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон и уште пет возачи – Карлос Саинс Јуниор од Ферари, Серхио Перез од Ред бул, Пјер Гасли од Алфа Таури, Кевин Магнусен о Хас и двократниот шампион, Фернандо Алонсо од Алпине, тврдат британските медиуми.

Според повеќе британски медиуми, возачите биле „уценувани“ со закани за последици, вклучувајќи проблематично излегување од земјата. Ф1 портпаролот ги отфрли ваквите обвинуваа, веејќи дека „немало никакво присилување“.

И покрај ова, дел од изјавите на возачите кажуваат дека работите не се во ред. Актуелниот шампион, Макс Ферстапен изјави дека одлуката е направена заеднички.

„Ја направивме таа одлука заедно, но по овој викенд ќе се зборува многу за тоа што се случуваше. Сите имаат свое мислење и не е најмудро да кажам што јас мислам. Тоа ќе биде после овој викенд, бидејќи така се договоривме со возачите и шефовите“, изјави Ферстапен.

Неговиот лут ривал, Луис Хамилтон од Мерцедес, пак, изјави дека едвај чека да си замине дома, иако зборуваше за слабата форма на неговиот болид.

„Вчерашните случувања не влијаеа на мене, но имавме лоши квалификации и катастрофален сетап. Тоа мораме да го решиме. Едвај чекам да си одам дома“, изјави Хамилтон за „Канал плус“.

Scroll to Top