Top Sport

Мертенс го крсти својот син Чиро!

Белгискиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс го доби својот прв син, и му го даде името Чиро, според наполитанскиот прекар кој му го имаат дадено неговите соиграчи и навивачите на италијанскиот клуб.

Мертенс и неговата сопруга, ТВ-новинарката Кат Керкхофс вчера го прославија раѓањето на нивниот прв син, токму во Неапол, и фудбалерот се пофали на социјалните мрежи и го потврди неговото име – Чиро Ромео Мертенс.

Мертенс, најдобриот стрелец во историјата на Наполи, е миленик на навивачите во градот под Везув, и подолго време го носи прекарот Чиро, име кое ретко се наоѓа надвор од овој град во Италија.

Белгиецот постојано изјавува дека сака да остане во Наполи, иако се верува дека претседателот Аурелио де Лаурентис нема да му понуди нов договор. Мертенс изјавуваше дека никогаш нема а го продаде својот стан во Неапол и дека постојано ќе се враќа во градот.

Scroll to Top