Белгискиот возач на Мекларен, Штофел Фандорне вели дека го гледа својот колега Фернандо Алонсо само како уште еден ривал, отфрлајќи ја можноста Шпанецот да му биде во позиција на ментор.
Фандорне имаше проблематична деби-сезона во Ф1, најмногу поради постојаноста на моторот на Хонда, но во исто време тој не успеа да го извлече максимумот од МЦЛ32 болидот како неговиот попознат и пославен колега. 25-годишниот Белгиец, сепак, ја поправи формата во вториот дел од сезоната, но реагираше кога го споредија со ситуацијата во Вилијамс, каде што Фелипе Маса му беше учител на тинејџерот Ленс Строл.
„Не, не е така! Секако, работиме заедно бидејќи сме во ист тим, но тоа не значи дека тој ми помага. Имаме отворени разговори, но тој не е во тимот да ми биде ментор. Ленс е помлад и можеби на него му треба тоа, но мене сигурно не“, изјави Фандорне во интервју за бразилскиот „О глобо“.