Top Sport

Ферари: Формата на Ред бул покажува дека казната била премала

Шефот на Ферари, Фред Васер смета дека казната која Ред бул рејсинг ја добија за надминување на ограничниот буџет во 2021 година била „премала“, што најдобро се гледа во доминацијата на „бикот“ на првите три трки од новата сезона.

ФИА одлучи дека Ред бул направиле „минорно“ пречекорувањ на буџетот (за 1.6 отсто) во сезонта 2021, по што добија финансиска казна, како и ограничување на времето на кое можат да го користат воздушниот тунел за 10 отсто. Тие исто така платија 7 милиони долари. И покрај ова, Ред бул има толку доминантен тим во новата сезона што ривалите од Мерцедес ги обвинија дека намерно ја намалуваат брзината за да нема интервенција на ФИА.

Васер смета дека казната била премала, но и дека тоа не е изговор за разликата.

„Тие завршија олична работа, но во исто време казната беше многу мала. Ако погледнте кон начинот на развојот кој се одвива во една сезона, тие 10 отсто не се линеарни. Наместо да работите во воздушен тунел, ќе работите на нешто друго и ефектот не е голем. Покрај тоа имате предност на почетокот на сезоната бидејќи сте потрошиле повеќе претходната година. Не сакам да кажам дека не завршиле добра работа, ниту барам изговори. Но, казната беше премала“, вели Васер.

Scroll to Top