Лео Турини, италијанскиот новинар кој се смета за еден од „инсајдерите“ на Ферари на кој треба да му се верува, тврди дека италијанскиот тим е задоволен од развојот на својот болид за 2020 по загриженоста дека има сериозни проблеми со дизајнот.
Во година во која регулативите се релативно стабилни, малку тимови одат со променета филозофија на дизајнот, но Ферари во обид да се борат за титулата, имаат радикално различен дизајн на болидот за 2020.
Преземајќи ја стратегијата од Ред бул со таканаречен дизајн со „висок“ степен на наклон на задниот болид, Ферари сакаат новиот проект да има поголема брзина на кривините откако на рамно веќе беа доминантни во 2019.
По ова, минатиот месец беа објавени шпекулации дека инженерите „воопшто не се задоволни“ од резултатите добиени од воздушниот тунел, но сега ситуацијата е сменета.
„Сега вестите се многу охрабрувачки.Покрај резултатите, целта е да се има поедноставна машина која ќе има стабилни резултати на сите патеки“, пишува Турини.
Тој додава дека шефот на тимот, Матија Биното верува дека нивниот мотор ги исполнува сите барања од ФИА и дека нема да има жалби за легалноста како минатата сезона. Ферари први ќе го претстават својот болид за 2020 со церемонија на 11 февруари.