Top Sport

Ферари го „жртвуваат“ Раиконен, вели Симондс

Поранешниот технички директор на тимот на Вилијамс и еден од најпознатите Ф1 инженери, Пет Симондс вели дека Ферари уште еднаш докажале дека единствениот фокус им е формата на Себастијан Фетел со слабата тактика на Кинеското ГП.

Раиконен остана седум круга повеќе на патеката од Фетел пред првото влегување во боксот по што падна од четвртото на шестото место. Поради инциденти во трката Раиконен на крајот беше трет, а Фетел само осми, но Симондс, кој беше технички шеф на Бенетон во славните денови, вели дека со оваа тактика Скудерија си ги нарушува шансите за титула кај конструктори.

„Мислам дека треба да решат како ќе се тркаат оваа сезона. Начинот на кој го искористија Раиконен во Кина беше несреќен – го оставија толку долго на патеката во обид да ги успорат другите болиди. На крајот не функционираше – кога ривалите го стигнаа, неговите гуми беа толку уништени што лесно го претекнаа. Не верувам дека ова е начин на кој се освојува титула кај конструкторите. Но, тие сметаат дека титулата на Фетел е поважна“, вели Симондс.

Сепак, Британецот вели дека Ферари може да очекува добри работи во 2018, што е нивната најдобра сезона од стартот на турбо-хибридната ера.

„Во пред-сезоната мислевме дека Ферари ќе биде блиску до Мерцедес, но сите веруваа дека Мерцедес има адут во ракавот. Ако имаат не го покажаа во првите три трки, а Ферари има постојани перформанси. Изгледаат најдобро во последните години и имаат шанса за големи работи. Од друга страна, очигледно е дека Мерцедес имаат проблем со управувањето со гумите, проблем кој постоел и претходно, но бил маскиран со нивниот фантастичен мотор“, објаснува Симондс.

Фото: ЕПА

Scroll to Top