Top Sport

Ферари ќе го редизајнираат целиот болид

Шефот на Ферари Матија Биното изјавил дека неговиот тим морал да направи сериозни промени на болидот бидејќи во текот на претсезонските тестирања било откриено дека има одредени недостатоци.

Биното истакнал дека по тестовите на патеката Каталуња заклучиле дека остварените резултати не покажале напредок во развојот на болидот.

Поради тоа Себастијан Фетел и Шарл Леклер на првите две трки во Австрија ќе возат во болидо со старите спецификации, додека во новите болиди ќе седнат во Унгарија на 19 јули.

Годинешната сезона во Формула 1 ќе започне претстојниот викенд со трката за Големата награда на Австрија.

Scroll to Top