Top Sport

Партизан го потврдија Милер-Мекинтаер

Американецот Коди Милер-Мекинтајер од наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан. Трансферот на Американецот го потврди клубот. Милер-Мекинтаер доаѓа како замена за Кори Волден кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во редовите на Црвена звезда.

Коди Милер-Мекинтеер е роден на 1 јуни 1994 година во Северна Каролина, дипломирал на универзитетот Вејк Форест во 2016 година.

Професионалната кариера ја започна во Белгија, во екипата на Леувен. Во 2017 година бил најдобар играч во Белгија.

Потоа играл во Русија, во Парма, со 8,2 асистенции во просек бил најдобар асистент во ВТБ лигата. Преку развојниот тим на Далас Маверикс и Зенит минатата сезона стигна во Цедевита Олимпија.

Во Еврокупот имал просек од 15,2 поени, 5 скока и 4,5 асистенции, а во АБА лигата во просек по натпревар бележел 14 поени и 5 асистенции.

Scroll to Top