Top Sport

Ферари ќе игра со „еден напаѓач“ во 2021

Ферари следната сезона ќе ја смени формацијата и ќе го постави Шарл Леклер како „главен напаѓач“ вели инсајдер од Ферари во изјава за германскиот „Ауто мотор унд спорт“.

По потврдата дека Себастијан Фетел си заминува на крајот на сезоната, Ферари во 2021 ќе ги има Леклер и Карлос Саинс Јуниор во младо партнерство, и последните сигнали од Маранело посочуваат дека е јасно дека Леклер ќе биде возач број 1.

Иако Џенсон Батон неодамна изјави дека во Ферари се мамат ако сметаат дека Саинс ќе се задоволи со позиција на број 2, сега неофицијален извор од клубот со фудбалска аналогија најави дека во 2021 нема да има луто ривалство како досега.

„Во иднина ќе играме 4-4-1-1, наместо 4-4-2. Ако во 2017 Мерцедес возеа повторно со Хамилтон и Розберг, тоа ќе имаше лошо влијание на тимот. Затоа сега ќе одиме со еден напаѓач“, објаснува изворот.

Scroll to Top