Top Sport

Писмата до Борисов вродија со плод – Бугарија ја рестартира лигата со гледачи

Бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев, изјави дека на стадионите во оваа земја може да има гледачи кога ќе се рестартира Првата лига в петок.

Како и во повеќе европски земји, фудбалот во Бугарија беше стопиран во средината на март, и сега ќе продолжи со скратен формат. Бугарската влада прво објави дека на трибините нема да може да има гледачи, а по понеделничкото писмо од десетина фан-клубови до премиерот Бојко Борисов, одлуката е сменета.

Според Ананиев, на стсадионите ќе бидат дозволени гледачи, но само до 30 отсто од капацитетот на стадионите.

Лудогорец, шампионот во последните осум сезони, е на првото место на табелата со 55 поени од 23 меча, 9 поени пред Локомотив Пловдив, Левски Софија и ЦСКА Софија.

Scroll to Top