Top Sport

Ферари му нуди 40 милиони фунти на Хамилтон

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон има интересна понуда.
Челниците на тимот на Ферерi се подготвени да му понудат договор вреден 40 милиони фунти за да биде во нивниот тим од следната сезона.

Во Маранело веруваат Луис би имал одлична можност по осми пат да ја освои светската титула.

Претседателот на компанијата Џон Елкан е во контакт со Хамилтон, чиј договор со Мерцедес истекува на крајот на годината.

Според островските медиуми, Ферари има две опции со Хамилтон – првата е партнер во следната сезона да му биде Шарл Леклер, што би значело заминување на Карлос Саинц во друг тим.

Друга опција е да се жртвува Леклер за да се донесе Хамилтон, а тоа практично би било трампа, каде Хамилтон би преминал во редовите на Ферари, а Леклер би бил со Џорџ Расел во Мерцедес.

Сега се е на Хамилтон, кој треба сам да одлучи, парите нема да бидат пресудни, бидејќи му нудат речиси еднакви услови.

Една од работите што може да влијае е желбата на таткото на Хамилтон, неговиот син еден ден да вози за Ферари.

Одлуката која Хамилтон треба да ја донесе најмногу ќе зависи од тоа дали во блиска иднина, со наградбите и подобрувањата, Мерцедес ќе успее да се доближи до Ред Бул.

Доколку успеат да ги направат посакуваните модификации, тој лесно може да одлучи да остане и да ја одбие понудата на Ферари.

Формула 1 продолжува следниот викенд со Големата награда на Монако (недела, 15 часот).

Scroll to Top