Top Sport

Ферари: Не е точно дека се откажуваме од Формула 1

Ферари инсистираат дека се посветени на Формула 1 по извештаите дека повторно се закануваат со заминување од спортот доколку границата на ограничувањето на буџетот од 2021 е поставена премногу ниско.

Британскиот весник „Гардијан“ во насловот на својот напис тврдеше дека Ферари се подготвени да се откажат од спортот, пред подоцна да го сменат насловот и да објават интервју со шефот на тимот Матија Биното.

„Сосема спротивно, Биното кажа дека не би сакал да биде псотавен во позиција да ги разгледува другите опции освен останувањето во Формула 1, бидејќи тоа е во нашата тркачка ДНК“, изјави портпаролката на Ферари.

Биното за „Гардијан“ изјави дека драстично ограничување на буџетот, какво што бараат дел од тимовите поради економската криза поради корона вирусот, поставуваат стотина работни места во Маранело  под закана.

„Нивото од 145 милиони долари е доволно ново и договорено уште минатиот јуни. Дополнително намалување на сумата не може да биде достигнато без значително жртвување, посебно кон нашите човечки ресурси“, изјавил Биното.

Scroll to Top