Top Sport

Италијанскиот шампионски тим од 2006 донираше четири амбулантни возила

Алесандро дел Пјеро откри дека иницијативата за собирање средства покрената од славната италијанска фудбалска генерација која во 2006 година го освои Светското првенство, успеала да собере пари за четири амбулантни возила, кои се донирани на Италијанскиот Црвен крст.

„Се работи за нови модерни возила, со нови системи за био-заштита, кои на крајот на оваа пандемија (која се надеваме е блиску), можат да продолжат да се користат. Судбина е што собравме доволно пари за четири возила, бидејќи четири е бројот на титули од Светските првенства кои ги има освоено Италија. Благодарам на сите, покажавме дека е важно да се биде тим“, напиша Дел Пјеро на Инстаграм.

„Аѕурите“ се здружија со донации користејќи ги социјалните мрежи, донирајќи дресови и други спортски реквизити за аукции.

Scroll to Top