Top Sport

Златан ќе игра на пријателски меч за Хамарби

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ во петок ќе игра на пријателски меч за клубот каде што е делумен сопственик, Хамарби.

38-годишниот ветеран се врати во Шведска по одлуката да се стопира Серија А поради корона вирусот, и неколку пати тренираше со клубот, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе замине од „росонерите“, со кои има шестмесечен договор до крајот на сезоната.

Ибрахимовиќ сега потврди дека ќе учествува на пријателски меч на „Теле2 арената“, во кој тимовите на Хамарби, Бајанс и ИК Фреј ќе ги поделат фудбалерите во два тима.

„Сакате да ја гледате мојата магија? Следете ме во акција со Хамарби во живо утре во 10.00 часот“, напиша Златан на Твитер.

Тренерот на Хамарби, Јеспер Јансон изјави дека Ибрахимовиќ изгледа „навистина импресивно“ на тренинзи. Клубовите во Серија А се очекува да продолжат со работа на 4 мај, првично со тренинзи во мали групи.

Scroll to Top