Top Sport

Ферари не го барал Хамилтон: „Секоја недела слушаме различна приказна“

Челниците на тимот на Ферари се подготвени да му понудат договор вреден 40 милиони фунти за да биде во нивниот тим од следната сезона, објавија британските медиуми.

Според директорот Фредерик Васер, такво нешто не се случило, иако секој тим би сакал да има седумкратен шампион во своите редови.

„Ајде да се пошегуваме и да кажеме дека пред две недели го испративме Карлос Саинц во Ауди, потоа Леклер во Мерцедес и сега Хамилтон во Ферари. Останав сам. Во оваа фаза од сезоната секоја недела слушаме различна приказна. Последните 20 години разговарам со Хамилтон речиси секоја недела и не сакам тоа да престане бидејќи некој ме брка за изјава“, изјави директорот на Ферари, Фредерик Васер.

 

Scroll to Top