Новите сопственици на Формула 1, „Либерти медија“ сакаат да се донесе одлука за правилата за моторите по 2020 година до крајот на мај, вели шефот на Ферари, Маурицио Аривабене пред Кинеското ГП во Шангај.
Минатата недела, „Либерти медија“ го објави својот план во пет точки за развојот на Ф1 по 2021 година, кога завршува колективниот договор на тимовите, но не беа одредени точни детали, туку се работеше за воопштен план.
Но, јасно е дека „Либерти“ ќе има најтешка задача да ги убеди луѓето од Ферари, кои веќе најавија дека ќе си заминат ако не им се допаѓа правецот во кој се движи спортот, а тука и е наводното кратење на „бонусот“ кој го добива Скудерија од 100 милиони долари (на 40 милиони долари).
Околу моторите е предвидено да бидат поевтини, поедноставно, погласни и помоќни, во обид да се привлечат нови производители на автомобили.
„Мислам дека ни дадоа краен рок до крајот на мај. Се надевам дека тоа ќе се испочитува“, изјави Аривабене.
Ова беше прв коментар на претставник на Ферари околу предлозите, откако единствениот тим кој учествувал во сите шампионати од 1950 година покрај бонусите имаше и право на вето на промената на правилата.
Според Аривабене, Ферари заедно со производителит вклучени во спортот (Мерцедес, Рено и Хонда) пред еден месец пратиле заедничко писмо до „Либерти“ со свои предлози за моторите, но и тој не даде некои детали.
„Не е тешко да се коментира, но тоа не е моја работа. Јас имам одговорност пред мојот претседател Серџо Маркионе“, додаде Аривабене.
Фото: ЕПА
Ферари пред заминување од Ф1 – бонусот намален од 100 на 40 милиони