Top Sport

Ферари се согласуваат на ограничен буџет од 130 милиони долари, но од 2023!

Ферари, под притисок на своите Ф1 ривали, се согласиле на пониско ограничување на буџетот од 130 милиони долари, но само од 2023 година.

Формула 1 шампионатот, како и остатокот од светот, е во голема финансиска криза, а бидејќи уште не е јасно кога ќе стартува сезоната, тимовите губат пари со секоја наредна откажана трка, која досега дојде до бројката 10. Веднаш по откажувањето на првата трка во Австралија, Ф1 тимовите се согласија следната сезона да возат со стари шасии, а да го намалат ограничувањето на буџетот од 175 на 150 милиони долари.

Меѓутоа, и ова намалување е премало за дел од тимовите, и се бара таа сума да се намали на 145 милиони долари за 2021 и 130 милиони долари во 2022. Ферари се остро против овој план, сметајќи дека со таков буџет ќе мораат да отпуштат дел од вработените.

Според „Ауто мотор унд спорт“, Ферари  објави дека ќе се согласи на овој план, но само ако сумата од 130 милиони долари важи од 2023 година. Бидејќи правилата на спортот ќе се сменат во 2022, Ферари сакаат да имаат „повеќе слобода“ за да го развиваат болидот. Нивни сојузник сигурно нема да биде тимот на Ред бул, кој објави дека ќе се согласи со намалениот буџет.

Scroll to Top