Top Sport

На 6 мај ќе се дознае дали ќе се рестартира Бундеслигата

Фудбалерите и фановите на германската Бундеслига ќе мораат да почекаат барем уште една недела за да дознаат дали ќе биде можно да се рестартира шампионатот, откако владата ја одложи одлуката поради пандемијата на корона вирусот.

Клубовите, кои се под огромен финансиски притисок, се надеваа дека ќе добијат зелено светло за по два месеци да се врати фудбалот, но канцеларката Ангела Меркел на прес-конференција објави дека било која одлука за лигата ќе биде донесена на 6 мај. Во Германија досега има 160.000 заразени и 6.300 починати од вирусот.

Германските соседи Холандија и Франција веќе одлучија да ја прекинат фудбалската сезона, додека Италија, Шпанија и Англија уште имаат планови за шампионатот да се продолжи.

Scroll to Top