Ферари ќе има посебна боја на шасијата за Италијанското ГП во Монца во чест на победничкиот тим на трката 24 Часа Ле Ман, враќајќи ја жолтата боја на нивните болиди.
Откако минатата година ја прославија 75-годишнината со посебна шасија, овојпат дизајнот е инспириран од Ферари 499P Hypercar, автомобилот со кој победија на славната трка на издржливост.
„СФ-23 ќе има бои во чест на 499П, која победи на најпознатата трка на издржливост преку жолтата боја на носот и на покривката на моторот. Двата болиди веќе ја имаат ‘Росо Ле Ман’ бојата“, велат од Ферари.
Ферари ретко користат жолта боја на своите болиди и се тркаат во националната тркачка боја на Италија, црвена, иако самиот Енцо Ферари ја спомена жолтата боја која е на логот.
„Кавалиното беше и останува црно, а жолтата канаринска боја е бојата на Модена“, напиша при дизајнот Ферари.
Yellow is BACK! 😍
A special home Grand Prix deserves a special livery, right?! 🔥#ItalianGP 🇮🇹 #F1 pic.twitter.com/r8Zzz1tEjx
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) August 29, 2023