Ферари ја објавија невообичаената жолта опрема која нивните тркачи Карлос Саинс Јуниор и Шарл Леклер ќе ја носат на Италијанското ГП во Монца овој викенд, зголемувајќи ги шпекулациите дека и на нивните болиди ќе има жолти мотиви во знак на одбележувањето на 100-годишнината на славната патека, како и 75-годишнината на формирањето на Скудерија (што всушност беше втор обид на Енцо Ферари да формира тим).
Жолтата и сината боја се исто така боите на знамето и грбот на Модена, градот каде што Енцо Ферари беше роден и каде што израсна.
Иако Ферари ја користеа жолтата боја во различните моторспорт трки во долгата историја, жолт Ф1 болид е реткост. На почетокот на 1960-тите тимовите како Екури Натионале Белге и Екури Франкоршам, кои возеа со мотори на Ферари имаа жолта боја, но единствен жолт болид на главниот тим беше за Оливие Гендебин на Белгиското ГП во 1961, бидејќи Белгиецот ја освои трката 24 Часа Ле Ман со Ферари и ова беше знак на благодарност за неговиот успех.
C² ?#essereFerrari ? @pumamotorsport @ferraristore pic.twitter.com/CFlDTw8oIo
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) September 6, 2022