Top Sport

Ферстапен: Чеко заслужи многу пиво и нов прекар

Новокрунисаниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен уште еднаш ја пофали улогата која неговиот тимски колега од Ред бул, Серхио Перез ја имаше во освојувањето нма титулата, нарекувајќи го „министер за одбрана“ по фантастичната одбрана од Луис Хамилтон на трката во Абу Даби.

Хамилтон лесно го помина Ферстапен на првиот круг и изгледаше недопирлив, кога Ред бул решија да го остават Перез на патеката за да го успорат возачот на Мерцедес, и Мексиканецот успеа да го нарпави тоа во два круга, по што Ферстапен успеа да го стигне ривалот. Ова на крајот се покажа како клучно, бидејќи го спречи Хамилтон да добие „слободно“ влегување во боксот при излегувањето на безбедносното возило во финишот на трката.

Уште тогаш, Ферстапен го нарече Чеко Перез „легенда“, и сега во видео-честитката за 2021, тој му даде нов прекар.

„Тој сега е министер за одбрана“, вели Ферстапен, а кога шефот Кристијан Хорнер му вели дека му должи пиво за трката во Абу Даби, Холанѓанецот продолжи: „Ох, ќе му купам многу пиво, ќе биде забавно“.

Scroll to Top