Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е победник на првата историска „спринт“ трка во Формула 1. Холанѓанецот ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Велика Британија, на „Силверстоун“, во трката која ги замени класичните квалификации.
Ваквиот формат ќе се вози уште двапати сезонава – во Монца и во Сао Паоло.
Ферстапен до петтиот пол во сезоната дојде со една секунда ипол пред актуелниот шампион, Луис Хамилтон со Мерцедес, додека трет беше неговиот клупски колега Валтери Ботас.
Од вториот стартен ред на утрешната трка која почнува во 16 часот ќе стартува возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека петти е возачот на Мекларен, Ландо Норис. Шести денеска беше Даниел Рикардо.
Во првата десетка имаше место и за Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Џорџ Расел и Естебан Окон.
„Спринт“ квалификациите се возеа пред полни трибини, а победникот Ферстапен добива 3 бода, Хамилтон 2, додека Ботас 1 бод.
Во генерален пласман сега Холанѓанецот собра 185, Хамилтон е втор со 152, а трет е Перез со 104.
CLASSIFICATION: F1 SPRINT
Confirmation of the win for @Max33Verstappen, who takes an extra three championship points and claims pole position for Sunday's race #BritishGP ?? #F1 pic.twitter.com/ll7JWDX5jj
— Formula 1 (@F1) July 17, 2021