Top Sport

Санкции за Ферстапен поради нападот врз Окон (Видео)

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, поради физичкиот напад врз колегата од Форс Индија, Естебан Окон, по завршувањето на трката за Големата награда на Бразил, ќе мора да одработи два дена општествено корисна работа за ФИА.

Ферстапен беше на чекор до победа на патеката „Интерлагос“, но поради контактот со Окон, кој заостануваше за цел круг, излета од патеката, остана без челната позиција и на крајот заврши како втор.

Инцидентот се случи во 44.круг, а Ферстапен по трката се обиде физички да се пресмета со Окон.

„Во наредните шест месеци, Ферстапен е должен да одработи два дена за ФИА“, се наведува во соопштението.

ФИА во соопштението наведува дека ја разбира нервозната реакција на возачот на Ред Бул.

„Ја разбираме нервозата кај Макс, имаме симпатии кон неговата натпреварувачка страст, но однесувањето не беше примерно. Возачите треба да извлечат поука од сето ова. Во иднина нема да толерираме вакви работи“.

Ферстапен во генералниот пласман се наоѓа на петтото место со 234 бода.

Сезоната во Формула 1 ќе заврши на 25.ноември во Абу Даби.

Scroll to Top