Макс Ферстапен ги воодушеви своите навивачи на патеката „Ред бул ринг“ во Шпилберг, Австрија, победувајќи од пол-позицијата во спринтерската трка, откако успеа да ги заддржи зад себе возачите на Ферари во интересниот старт на трката.
Ферстапен трката во 23 круга ја започна од првото место, и успеа да ги остави за себе Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор и покрај нивните обиди да го претекнат. Џорџ Расел во Мерцедес заврши а четвртото место пред фантастичниот Серхио Перез, кој од 13. место на стартот успеа да стигне до петтото. Поени во трката освоија и Естебан Окон (Алпине), Кевин Магнусен (Хас) и Луис Хамилтон во Мерцедес, откако во последниот круг успеа да го помине Мик Шумахер за осмо место.
Победата покрај осум поени на Ферстапен му ја носи честа да стартува како прв на утрешната „класична“ трка, во која секако Ферари ќе се обидат да ја искористат својата брзина, која беше докажана со најбрзиот круг на Леклер.
#F1SPRINT CLASSIFICATION (LAP 23/23)#AustrianGP #F1 pic.twitter.com/HgGJdiVo0O
— Formula 1 (@F1) July 9, 2022