Top Sport

Ферстапен: Хамилтон не е никаков Бог

Младиот возач на ред Бул Макс Ферстапен бил уверен дека може оваа сезона да му го одземе тронот на Луис Хамилтон.

Британецот со Мерцедес е недопирлив на врвот во изминатите три сезони. Хамилтон во кариерата има освоено шест шампионски титули, му недостига уште една да го израмни рекордот на Михаел Шумахер.

„Луис е многу добар. Сигурно е еден од најголемите во историјата, но не е никаков Бог. Можеби Бог е со него, но самиот тој не е божество. Сигурен сум дека оваа сезона можеме да го притиснеме многу повеќе. Лесно е да возиш кога немаш вистинска конкуренција. Можеш секогаш да возиш со 97 или 98 отсто од можностите, тогаш не можеш да погрешиш. Ние сме многу блиску, верувам дека можеме да ги надополниме оние ситни детали што ни недостигаат за да можеме да се бориме за титулата“, рекол 22 годишниот Ферстапен.

Формула 1 тимовите со тестовите ќе започнат на 19 февруари. Новата сезона ќе стартува на 15 февруари во Мелбурн, со трката за Големата награда на Австралија.

Scroll to Top