Top Sport

„Поради Клоп ќе останеме без 500.000 фунти“

Ливерпул вечерва во 20.45 часот на Енфилд ќе го повторни натпреварот со Шрузбери во Фа купот. Првото соочување на овие два тима кај Шрузбери, во 1/16 финалето на ФА купот заврши со резултат 2:2.

Во Премиер лигата е 14-дневна пауза поради што Јирген Клоп најави дека тој и неговите играчи нема да бидат присутни на овој натпревар. Ливерпул ќе настапи со фудбалери од младинскиот погон, а на клупата ќе седи тренерот на У-23 тимот на Ливерпул, Нил Крачли.

Колку и да звучи чудно овој меч е неважен за Ливерпул, тие се насочени кон освојување на Премиер лигата и одбраната на титулата во Лигата на шампионите.

За разлика од Ливерпул, мечот има големо значење за Шрузбери, екипа кој се наоѓа на 16 место во третата англиска лига.

Во Шризбери очекувале да заработат убава сума на пари околу 600.000 фунти, но таа сума веројатно ќе биде само 100.000 фунти бидејќи Ливерпул ќе играат со младинскиот тим.

За што станува збор тука?

Според правилата на Фудбалската асоцијација на Англија, кога два тима во ФА купот играат уште еден меч, приходот од влезниците и телевисиските права го делат на пола.

Ливерпул ги продале сите влезници, но по цена далеку пониска од вообичаената. За возрасни билетите биле 15, а за деца една фунта. Исто така нема да има телевизиски пренос бидејќи Ливерпул нема да игра со најсилниот тим. Поради тоа во Шрузбери им се лути на своите противници.

„За клуб како Шрузбери важна е секоја фунта. Ова е голем удар за нас. Ќе останеме без 500.000 фунти. Тие пари добро ќе ги вложевме. Можевме да направиме еден или два нови терени или да купиме еден многу добар играч“, рекол тренерот на Шрузбери, Сем Рикетс.

Тој кажал дека по првиот меч Јирген Клоп му кажал дека повторениот натпревар ќе го игра со младинскиот тим.

„Морам да бидам искрен и да кажам дека Јирген однапред ми се извини поради својата одлука. По првиот меч разговаравме триесетина минути, ми објасни дека на неговите играчи им е потребен одмор и дека одморот им бил однапред планиран. Тоа ми е јасни, тука немам што да му замерам“, рекол Рикетс.

Инаку доколку Ливерпул вечерва го поминат Шрузбери во осмина-финалето ќе играат против Челси.

Клоп: Нов меч со Шрузбери? Ние нема да бидеме тука

Scroll to Top