По Бразилското ГП, каде што беа далеку од борбата за победа и покрај тоа беа вклучени во конфликт меѓу возачите, во Ред бул можат да здивнат, бидејќи беа убедливи на квалификациите за Абу Даби ГП трката, со Макс Ферстапен на првото и Серхио Перез на второто место.
Со ова, Ред бул се поставува во првиот ред во трка во која ќе се одвива последната битка – за второто место во генерален пласман, во кој Перез и ривалот од Ферари, Шарл Леклер влегуваат со ист број на поени.
Леклер ќе стартува на третото место, покрај својот колега, Карлос Саинс Јуниор во второто Ферари, додека Мерцедес по фантастичната победа во Бразил, на крајот ќе се задоволат со третиот ред со Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
QUALIFYING CLASSIFICATION@redbullracing lock out the front row for Sunday's race 👏#AbuDhabiGP #F1 pic.twitter.com/5HaUCeUdly
— Formula 1 (@F1) November 19, 2022