Top Sport

Митровиќ пред стартот на СП не се плаши од Бразилците: Имаат крила? Летаат?

Напаѓачот на Фулам и на српската репрезентација, Александар Митровиќ имаше смешен коментар околу првиот противник на Србија н Мундијалот, моќниот Бразил, објаснувајќи што ги научил селекторот Драган Стојковиќ-Пикси.

Митровиќ се мачи со повреда, но се очекува да биде стартер против Бразил на 24 ноември, и на коментар дека Бразилците повеќе размислуваат за него и Влаховиќ, отколку српските репрезентативци на бразилските ѕвезди, мораше да одговори искрено.

„Знаеш колку ми е гајле што размислуваат Бразилците, искрено? Како и секогаш, од моментот кога дојде селекторот, фокусот е на нас и на нашата игра, без разлика против било кого. Што би кажале? Имаат крила? Летаат? Не зборувавме за нив, туку саамо за нас и за нашите подготовки. Ако сме на ниво, можеме да играме со било кого“, вели Митровиќ.

Scroll to Top