Top Sport

Ферстапен издржа за спектакуларна тактичка американска победа

Иако беше под огромен притисок, Макс Ферстапен го зголеми водството во генерален пласман со спектакуларна победа на Американското ГП, откако нивниот таткички трик успеа да го остави светскиот шампион Луис Хамилтон во Мерцедес на второто место и покрај драматичните последни неколку кругови.

Со победата, Ферстапен го зголеми водството во генерален пласман на 13 поени, откако сега има 287.5 поени пред Хамилтон со 274.5 на само пет трки до крајот на сезоната (Мексико, Бразил, Катар, Саудиска Арабија и Абу Даби).

Луис Хамилтон имаше фантастичен старт за да го помине Макс Ферстапен во Ред бул, но потоа немаше доволно брзина и време вторпат да го помине по успешниот обид на ривалот за „андеркат“, односно прерано влегување во боксот во текот на трката.

Стартот на трката беше одбележан со фантастичниот старт на Хамилтон, кој во саботата драматично ја загуби пол-позицијата од Ферстапен, откако беше јасно дека е побрз од Холанѓанецот. Тогаш во Ред бул се решија први да влезат во боксот, со што Ферстапен го презеде водството, а истото се повтори и со второто влегување во боксот – Ферстапен влезе пред Хамилтон, за на 19 круга пред крајот, Хамилтон да заостанува 8.4 секунди зад ривалот. Иако тој драстично се доближуваше до ривалот од Ред бул, на крајот немаше доволно време за обид за претекнување.

 

Scroll to Top