Top Sport

Ферстапен ја донесе конструкторската титула за Ред бул во Сузука, двоен подиум за Мекларен

По некарактеристично лошиот викенд во Сингапур, светскиот шампион и лидер во генерален пласман, Макс Ферстапен стигна до нова убедлива победа, триумфирајќи на Јапонското ГП во Сузука пред двајцата возачи на Мекларен, Лендо Норис и Оскар Пјастри.

До својата 47. победа во кариерата и 12-та оваа сезона, Холанѓанецот имаше проблем само на стартот на трката, по што направи огромна разлика од речиси 20 секунди, за да стигне до 400 поени во сезоната, додека неговиот колега, Серхио Перез имаше кошмарна трка, која на крајот не ја заврши. И покрај ова, Ред бул веќе ја запечати титулата кај конструкторите, а Ферстапен може да стигне до рекорден број на поени и победи во една сезона.

Мекларен ја докажаа фантастичната форма од квалификациите, со Норис на второто место, додека Пјастри во последните кругови од трката се избори за последното место на подиумот.

Во поени беа и Шарл Леклер во Ферари на четвртото место, Луис Хамилтон во Мерцедес, несреќниот Карлос Саинс Јуниор на шестото мсто, како и Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и двојката на Алпин, Пјер Гасли и Естебан Окон.

Scroll to Top